fbpx

Поплавени домови, уништена покуќнина е епилогот од невремето кое синоќа го зафати скопско Зелениково. Поројниот дожд ги полнел подрумите, а водата целосно ги поплавувала куќите. Освен во Зелениково, дождот во главниот град предизвика да се поплават и неколку улици. Освен во скопско, невремето штета направи и во приградската населба Превалец во Велес. Градоначалникот Аце Коцевски објави фотографии на Фејсбук и побара граѓаните кои претрпеле штета од дождот, да пријават во општината за комисија за да се направи проценка на штетата.

Shpërndaj me

Loading...