fbpx

По зеленото светло од Бундестагот  за  европската перспектива на земјата, очите на македонските граѓани се вперени во Франција и Холандија. Од Франција веќе стигнуваат позитивни сигнали. Ќе направиме добар коктел помеѓу реалноста и очекувањата, реалноста што треба да се подобри и да се исполни и секако она што ние го очекуваме, вели францускиот амбасадор Кристијан Тимоие. Од Холандија пак,  на околу две недели до Самитот на минстрите за надворешни работи на  Унијата, молк. Симонида Кацарска од Институтот за европска политика за Алсат вели дека сигурни гаранции никогаш нема но очигледно е дека атмосферата е многу позитивна.

„После одлуката на германскиот  Бундестаг, она на што треба да внимавме е на ставот на францускиот претседател Макрон. Тука велам францускиот претседател бидејќи за разлика од Германија во која имате поширок систем на одлучување кој е посеопфатен, во Франција ова прашање ќе се одлучи на ниво на претседателската палата. Она што го знаеме од вчера од францускиот амбасадор во земјава  дека очигледно се очекува зелено светло. Ако некогаш сме можеле да бидеме најопитимистички расположени тоа се однесува на овој Самит. Тука останува и Холандија во која што во голема мера беше скептична во однос на владеење на правото. И прашањето за тоа дали и како ќе се движиме заедно со потенцијално, како земјите ќе ценат како ќе  се развива нашата врска со Албанија  во процесот. Меѓутоа знаеме дека  во Холандија тоа прашање ќе биде потешко поради одлуката на парламентот“-изјави Симонида Кацарска Институт за европска политика.

Кацарска вели дека,  Македонија која го чека овој датум  повеќе од 10 години  – и е веќе во процесот на објаснувачки скрининг треба со сите сили да се подготви  за почетокот на првата меѓувладина конференција и за преговорите кои несомнено многу долго ќе траат. За реформите во судството и судските процеси кои имаат неизвесна судбина, Кацарска вели дека нема да бидат услов за почеток на преговорите.

„Во оваа фаза за почеток на преговорите нашата земја направи многу повеќе од други, меѓутоа  овие прашања ќе се постават веднаш  при првото поглавје кое ќе биде ставено на агендата, поглавјата тза судсв и човекови права, ако не се прашања во октомври тогаш ќе бидат во јануари. рече изјави Симонида Кацарска Институт за европска политика“-Симонида Кацарска Институт за европска политика.

Амбасадорот на ЕУ Самуел Жбогар се надева дека македонскиот јазик набргу ќе биде 25 службен јазик на ЕУ.

Весна Велкова

Shpërndaj me

Loading...