За разлика од другите денови кога и покрај препораките многу граѓани излегоа надвор, денеска сликата во главниот град  е  различна. Дури и на оние места кои важат за  најфреквентни, немаше гужва. Оние кои ги сретнавме рекоа дека се работници чие работно време започнуваше или завршуваше. Тие рекоа дека строгите мерки, имено полицискиот час што започнува во 16:00 часот, им предизвикува проблеми во дневното  патување.

Други граѓани велат дека иако е тешко да се остане дома затворен 13 часа, мерката е за доброто на сите. И пред да се воведе полицискиот час, надвор излегувале само по потреба.

Прашање: Што мислите за поригорозната мерка?

Поради ситуацијата ми се допаѓа мерката, треба редовно да ги почитуваме истите. Зошто сте излегле денеска? Излегов да завршам некои работи до 4 часот, сега одам дома. Само кога е итно, инаку не излегувам залудно“.

„Се разбира дека да. Има своја ефикасност и ова, треба да се штити населението. Ние излегуваме поради некоја работа, во текот на времето надвор од полицискиот час, но нема движења многу. Краток распоред за сите работи“, рекоа граѓаните.

Помалку возила се движеа по улиците, пред аптеките и маркетите помалку луѓе чекаа додека Бит пазар како никогаш порано беше затворен во 13:00 ч. Дури, и паркинзите каде се водеше вистинска битка за место повеќе сега се празни.

Анеса Алити

Shpërndaj me

Loading...