fbpx

Овие не се слики од 19 век, туку се снимени деновиве на само неколку километри од центарот на главниот град. Адем Зенели е еден од многуте жители од Визбегово кој со години се соочува со недостиг на вода. Спасот го нашол во бунарот што го ископал во дворот, но уште потешко си поминуваат оние кои зависат само од водоводната мрежа, чија изградба инаку самите си ја платиле.

Немаме доволно вода. Нема доволно притисок за да има вода и на вториот кат. Ова го средивме со наши пари, еднаш плативме 500 евра. Не можеш да се истушираш. Порано немавме ниту малку, чекавме до полноќ да дојде вода”-изјави Адем Зенели, жител на Визбегово.

Семејствата кои немаат вода, се снаоѓаат кој како знае и умее. Преку денот полнат садови за да може да се истушираат. Нејази Дочи вели дека веќе не ѝ верува на ниту една партија, ниту на ветувањата дека ќе го решат овој долгогодишен проблем.

Толку има?
-Да.
Колку години живеете вака?
-Десет години.
-Нема за да се истуширам.
Како се снаоѓате, дали имате бунар?
-Не. Ноќе доаѓа некогаш.

“Во текот на летото воопшто немаме вода. Јас во 2016 година платив сè за водата, а сега повторно ми стигна да платам 30 илјади денари. А, немаме ни капка вода. 20 кубни метри вода. Не доаѓаат да го видат водомерот, а велат трошите 20 кубни метри четири члена. Водовод не ги пушта пумпите, затоа што велат дека не плаќаме. Сите плаќаме„

Ова не е единствената мака на жителите на Визбегово. Дел од куќите уште немаат ни канализација, а и многу од улиците се уништени.

Оваа улица е најпроблематична. Срамота е. Во Блаце ако одите имате асфалтиран пат. Проблемот со патот е катастрофа“-изјави Фазли Лусјани, жител на Визбегово.

Жителите од Визбегово неколку пати добиле предизборни ветувања дека ќе им бидат решение овие проблеми, но велат дека по гласањето, политичарите ги забораваат.

Еви Шкопи

Shpërndaj me

Loading...