Одлуката на владата за тридневен карантин го врати мирот во главниот град, оставајќи повеќе простор за гласот на природата.

Од посетата на одредени населби во Скопје, можеше да се види дека граѓаните кои решиле да не „избегаат“, го почитуваат ограничувањето на движењето. Мал број на автомобили, чии возачи имаа посебни дозволи, беа забележани денеска на улиците на Скопје. До првата патарина на автопатот Скопје – Тетово, телевизискиот тим на Алсат стигна двојно побрзо во однос на времето во друг обичен ден. Вработените во патарината во Сарај, иако на работното место, немаа скоро никаква работа. Според неофицијални информации, вчера над 20 илјади граѓани ја поминале оваа наплатна рампа.

За разлика од денеска, изминатата ноќ 48 лица не го почитуваа ограничувањето за движење. 38 од нив, како што информираат од МВР, се уапсени. Полицијата изврши проверки на лицата кои се во изолација и во самоизолација, при што се регистрирани седум прекршувања на тие мерки. Во последните 24 часа е донесена одлука за изолација на 166 лица, а 197 други потпишале изјави за самоизолација.

Evi Shkopi

 

Shpërndaj me

Loading...