Следната недела ќе се донесе одлука дали да се одржи или не престижниот тениски турнир „Вимблдон 2020“. Шансите турнирот да се одржи се минимални поради пандемијата со Ковид 19.

Во соопштение за медиумите, првите луѓе на турнирот изјавија дека одложувањето е опција бидејќи претходно било одредено турнирот да се одржи од 29 јуни до 12 јули.

Претходно беше соопштено дека овој турнир може да се одржи зад затворени врати. На почетокот на месецот „Френч Опен“ кој се очекуваше да се игра во мај, соопшти дека ќе се одржи од 20 септември до 4 октомври годинава.

Shpërndaj me

Loading...