fbpx

Словенечкиот премиер Марјан Шарец денеска си поднесе оставка од позицијата. Како што јавува Ројтерс тој ја пратил оставката до парламентот и побарал да се распишат предвремените парламентарни избори наведувајќи дека сегашната малцинска влада не може да ги протурка потребните важни закони.

Шарец пишува дека со ваква коалиција и ситуација во парламентот не може да ги исполни барањата на граѓаните. Непосредно пред неговото соопштение, словенечката агенција СТА јави дека оставка си поднел министерот за финансии Андреј Бертонцељ.

Shpërndaj me

Loading...