fbpx

Пролонгирање на роковите за поднесување  на даночни поднесоци, целосно субвенционирање на бруто-плати и придонеси на микро, мали и средни претпријатија, се дел од барањата на Комората на сметководители. Поради епидемијата и падот на економската активност тие бараат и да се укине обврската за плаќање на данок на добивка до следната година. Според нив компаниите досега имаат пад на прометот и до 40 проценти.

„Доколку вака продолжи, ќе немаме стопанство. Сметководството и целиот финансиски сектор е од голема важност поради тоа што подготвува финанскиски извештаи и за банките и институциите. Со сетот мерки којшто е донесен од страна на Владата веќе касниме и не се добри за стопанството и бизнис секторот, а истовремено ја зголемува неизвесноста кај сите компании“, рече Драган Митковски- Комора на сметководители.

Shpërndaj me

Loading...