fbpx

Состанокот на Комисијата за заразни болести заедно со претставници на Министерството за образование и наука на кој се очекува да бидат финализирани протоколите за реализација на наставата од 1 септември, ќе продолжи утре.

Се уште сме во преговори. Крајното решение ќе го даде Министерството за образование и наука, рече д-р Александар Стојанов, член на Комисијата и директор на Центарот за јавно здравје Скопје.

Како што изјави во петокот министерот за образование и наука Арбер Адеми, има доволно време до 1 септември навреме да се организира почетокот на 2020/2021 година и сите училишта да се подготват за спроведување на протоколите за трите видови настава во зависност од епидемилошката состојба – со физичко присуство, онлајн-настава и комбинирана.

Следна фаза е уште еднаш протоколите да се разгледаат во Комисијата и потоа на седница на Влада да се одлучи кој модел конкретно би се активирал за кои околности и во која епидемиолошка состојба, рече министерот Адеми.

Shpërndaj me

Loading...