Една недела по смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд во повеќе од 70 различни градови, продолжија насилните судири меѓу илјадници граѓани и силите на редот. Насилни судири избувнаа и пред Белата куќа меѓу американската војска и полицијата од една и демонстрантите од друга страна.

Четворица полицајци биле застрелани со огнено оружје во централната држава Мисури, завршувајќи во болница, но се надвор од животна опасност. Во меѓувреме, на северот и југоистокот на земјата, три лица беа убиени од полицијата во текот на операциите за запирање на насилството.

Американскиот претседател Доналд Трамп, изјави дека ги мобилизира сите федерални, граѓански и воени ресурси за да ги запре немирите и грабежите.

„Најголемите жртви на немирите се мирољубивите граѓани на нашите сиромашни заедници. Со денови нашата нација е зафатена од професионални анархисти, насилни банди, подметнувачи на пожари, ограбувачи, антифашисти. Сега, кога зборуваме, јас распоредувам илјадници вооружени војници, воени лица за да ја спречат оваа ситуација“, рече Трамп.

Во градот Минеаполис многу граѓани положија цвеќиња во спомен на 46-годишниот Флојд кој почина минатата недела при полициско апсење. Неговата смрт уште еднаш ги покажа затегнатите расни односи во Америка. Полицискиот службеник кој ја предизвика смртта на 46-годишниот Афроамериканец со ставање на ногата на вратот, се очекува да се појави на суд следната недела.

Фатлуме Дервиши

Shpërndaj me

Loading...