Потребата од чист воздух во домот, особено во ова време од годината е од исклучителна важност. Благодарение на напредната технологија на Daikin, прочистувачите на воздух го подобруваат квалитетот на воздухот во вашиот дом, додека во исто време се неверојатно тивки. Комбинацијата на овие два методи се идеално искористени за поголема ефикасност на уредот.

Технологија која го одзема здивот. Моќен 5 слоен систем за разградување и отстранување.

За оние кои страдаат од астма, алергии и особено ако овие заболувања им претставуваат пречка во спиењето, 5 слојниот моќен систем за разградување и отстранување на Daikin прочистувачот на воздух, помага да се отстранат бактериите, воздушните честички, алергените, поленот и непријатните миризби од вашиот дом.

Streamer Discharge технологијата е она што ги прави прочистувачите на воздух на Daikin толку ефикасни. Плазматското празнење на електрони со голема брзина ги активира молекулите на кислород и азот, и овозможува оксидативно разградување на бактериите – што претставува еден од најефективните начини за отстранување на бактериите, вирусите, мувлата и алергените од воздухот.

Streamer Discharge технологијата на Daikin има поширок опсег на празнење од конвенционалните филтри за воздух, со помош на оксидативната брзина, распаѓањето е 1000 пати побрзо и совршено безбедно за вашето семејство.

Чистиот воздух може да се дефинира како отстранување на сите штетни честички и загадувачи, но Daikin не застанува тука. Daikin технологија за прочистување на воздухот е дизајнирана со цел не само да ги отстрани големите честички, туку и прашината, непријатните миризби, бактериите, влакната од домашните миленичиња, мувлата, поленот како и другите алергени правејќи го вашиот воздух чист и здрав.

Во последниве години, сериозноста на влијанието врз здравјето од загадениот воздух е драстично зголемена. Единствениот начин да се заштитиме и да дишеме чист воздух во домот, е да се избере вистинскиот прочистувач на воздух кој ефикасно ќе ја подобри состојбата. Дознајте повеќе за иновативните решенија на Daikin на: http://bit.ly/daikin-air-purifiers

Shpërndaj me

Loading...