fbpx

Министерствата и останатите државни институции истовремено си го кратат овогодинешниот буџет, но и си го полнат буџетот за следната година. Процесот на ребаланс и предлог кроењето на државната каса за следната година се одвива истовремено вели вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи. Според него буџетот за 2021 ќе биде поинаков бидејќи ќе се одобруваат пари кој реално ќе се потрошат а не за проекти кои се неостварливи. Ребалансот кој се очекува да биде до крајот на месецот, ќе биде кучен за прибирање пари во државната каса за борба со Ковид-19.

Да направиме ребаланс кои што навистина ќе одземе таму каде не е возможно од икс причини да се споведат сите планирани активности да се даде подршка на економијата. Веќе е започнат буџетскиот циркулар за буџетските планирања за следната година со една значителна промена а тоа е планирањето за следната година  мора да биде засновано со реални можности на институциите, а не вообичаено како што било минатата година така ќе биде и следната. И двата процеси паралено се одвиваат.“-изјави Фатмир Битиќи, вицепремиер задолжен за економски прашања.

Кратење ќе има на парите предвидени во образованието доколку се утврди дека школската година ќе биде онлај до крај, но и на други институции кои немаат потреба од толкави буџети за следната година.  Битиќи не кажа временски рок кога ќе го промовираат  четвртиот сет економски мерки. За него овој пакет мерки треба да биде клучен за надминување на економската криза годинава.

Андреа Чобанова

Shpërndaj me

Loading...