Владата нема пари за да ги награди полицајците со по 15 000 денари, како што бараше министерот за внатрешни работи Наќе Чулев. Министерката за финансии Нина Ангеловска рече дека ребалансот на буџетот не предвидува награди за полицијата, но ќе најдат алтернативни начини.

Од Независниот синдикат на полицијата велат дека од 16 април побарале од Владата и Министерството за внатрешни работи полицајците да се наградат.

Министерот за внатрешни работи Чулев најави дека ќе достави иницијатива до Владата да ги наградат  вработените во МВР со по 15 000 денари. Според податоците на МВР, досега 13 полицајци биле заразени со коронавирус, додека 50 одлучиле да одат на самоизолација.

Мефаил Исмаили

Shpërndaj me

Loading...