Владата со скроениот ребаланс на буџетот годинава планира да потроши 53,7 милиони евра повеќе од  првично планираното. Ова би значело за 1,4 проценти повеќе со што вкупните расходи ќе изнесуваат 3,95 милијарди евра. Како резултат на пандемијата со ребалансот се предвидува пад на приходната страна за 11,5 проценти со што приходите се позиционирани на 3,2 милијарди евра.

„Зголемувањето од 50 милиони евра е само 1,4 процент од вкупните расходи а за пример ако погледнете како останатите земји делувале по однос на приходната и расходната страна ние сме земја која најмалку споредено со било која друга земја ги зголемува расходите“, рече Нина Ангеловска- Минситерка за финансии.

За надминување на коронакризата Владата реши да ги дополни буџетите на одредени министрства  па така плус ќе добие:

Министерство за економија                      9,8 милиони евра
Министерство за здравство                       10,6 милиони евра
Министерство за образование                  5,6 милиони евра
Агенција за вработување                            2,5 милиони евра

Дупката во буџетот се планира да се зголеми за 470 милиони евра односно ќе изнесува 750 милиони, или 6,8 осто од бруто- домашниот производ. Владата планира дупката да се финансира со позајмување до домашните банки, хартии од вредност, и издавање на еврообрзница. Со ребалансот нема се предвудува намалување на платите на јавната администрација ниту намалување на пензиите.

Андреа Чобанова

Shpërndaj me

Loading...