Министерката за финансии Нина Ангеловска вели дека би настојувале да го прифатат предлогот на Стопанската комра на Македонија за зголемување на акцизата на нафтата и информира дека  се изработува и предлог уредба заедно со Царинската управа, но оти конечната одлука ќе ја има Владата.

-Тој предлог е на маса, веќе изработуваме предлог уредба, Владата е колективен орган кој носи одлуки, знаете дека сите предлози што потекнуваат и што се на реална основа и како што сметаме дека е прифатливо и дека треба, земајќи предвид и пресметки и фискални импликации. Предлогот беше за два денара да се зголеми акцизата на нафата. Со Царинската управа работиме конкретно на предлогот и наскоро  ќе излеземе со точна инфирмација, но би настојувале да го прифатиме предлогот од  Стопанската комора бидејќи сметаме дека има оправданост во едни вакви услови кога има голем пад на цените на нафтата, меѓутоа секако и кога има и намалена побарувачка, рече Ангеловска

Shpërndaj me

Loading...