Танцот може да ви го зголеми нивото на енергијата, да ви го подобри држењето, но и координацијата, да го намали нивото на крвниот притисок и на холестеролот, како и ризикот од појава на срцеви заболувања и да ги зајакне коските.

Освен тоа со танцувањето ќе си го подобрите вашето психичко и физичко здравје.
Затоа и нè изненадува податокот што танцувањето е една од најомилените активности во светот.
Еве неколку бенефиции од редовно танцување.

Енергија и издржливост
Танцувањето е природен и интуитивен начин за да го доведете телото во форма и да го зголемите нивото на енергијата и издржливоста, освен тоа ја подобрува и кондицијата.

Мускули и координација
Танцувањето е совршен начин да ја зголемите мускулната маса и да го обликувате своето тело. Додека танцувате, неопходно е промена на движењата и одржување на рамнотежата поради што и вашата координација ќе стане значително подобра.

Поздраво срце
Танцувањето припаѓа на групата аеробни вежби во која се: трчњето, возењето ролерки и велосипед и пешачењето. Овие вежби го зајакнуваат срцето и целокупниот васкуларен систем.

Крвен притисок и холестерол
Танцувањето го регулира нивото на крвниот притисок и на холестеролот, со тоа ја намалува можноста за појава на повеќе болести, како што се дијабетес од типот 2, болести на срцето, срцев удар и таложење плак на ѕидовите на крвните садови.

Слабеење
За само 30 минути интензивно танцување може да потрошите од 200 до 400 калории.

Коски

Остеопорозата е честа кај жените, особено по менопаузата. Танцот помага во зајакнување на коските и спречување на остеопороза и скршеници.

Флексибилност
Движењата додека танцуваме го уремнотежуваат телото, понекогаш знаат да бидат и тешки. Тоа ја зголемува флексибилноста на телото на позабавен начин од вежбањето во сала.

Самопочитување
Танцувањето особено пред огледало, дава можност да си го засакате телото и да го прифатите какво што е.

Познато е дека физичката активност го поттикнува доброто расположение, го намалува нивото на хормонот на стресот и ризикот од појава на депресија, додека пак, поттикнува зголемено лачење на ендофинот, хормонот на среќата.

Shpërndaj me

Loading...