Премиерот Оливер Спасовски вели дека прво треба да се донесат во Собранието сите закони, коишто, како што изјави денеска, се многу битни за граѓаните, па дури потоа да се распушти Собранието и да се оди на избори.

Техничкиот премиер оцени дека кога доаѓаат избори секогаш има тензии, кои, како што рече, се само собирање политички поени.

Релациите со коалициската ДУИ ги оцени како коректни и изрази очекување дека повеќе нема да има „неразбирливи“ одложувања на седниците.

Спасовски не сакаше да зборува за формирање евентуално ново парламентарно мнозиство, бидејќи, како што рече, ќе се испочитува договореното, ќе бидат усвоени законските решенија после што ќе се оди на избори.

-Ние мора прво да ги донесеме законите кои се исклучително важни за оваа држава и потоа треба да одиме на избори. Тоа е ставот кој го имаме и како Влада и како партија, од првиот момент до денеска, рече Спасовски.

 

Shpërndaj me

Loading...