fbpx

Политичка одговорност од сите субјекти што учествуваат во владата денеска побара техничкиот премиер Оливер Спасовски преку прес конференцијата одржана денеска во Владата.

Спасовски посочи на неколку приоритети пред кои се наоѓаат владините функционери, а кои, како што рече, се важни за внатрешната стабилност и меѓународниот углед на државата.

„Примарна задача на оваа влада е да продолжат да функционираат институциите и проектите предвидени во програмите, како и да се реализира сѐ што е предвидено со буџетот. Тоа е еден од приоритетите и вториот е да се организираат фер и демократски избори. Затоа сите политички субјекти кои учествуваат во владата треба да имаат политичка одговорност и да не излегуваат надвор од рамките на она што им е дадено како можност во однос на законот за влада“, рече Спасовски.

Shpërndaj me

Loading...