fbpx

Напад врз полицаец е напад врз Државата, а Обвинителството не определи притвор за ниту еден од напаѓачите, реагираше министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во своето  гостување во емисијата „360 Степени“, што вечерва се емитува на Алсат. Како што рече Спасовски, Обвинителството не определило мерка притвор и за други случаи за тешки прекршоци.

„Македонија беше зафатена со пожари. Имавме ситуации во кои се фатени на лице место луѓето коишто опожаруваат одредено подрачје, целата таа постапка оди по редовен пат. Или најблаго речено, за било кој напад на службено лице, напад на полицајци, тоа е напад на Државата, ниту една постапка не заврши со притвор за било кој напаѓач, туку сите одат по редовна постапка“, рече Спасовски.

Првиот човек на МВР, повтори дека чувствува жалење што Обвинителството не определило ниту една мерка притвор за лица кои биле дел од вооружениот инцидент во хотелот Александар Палас и кои упатувале закани кон полициски службеници.

„Искрено жалам што Обвинителството немаше храброст да побара мерка притвор. Знаете, сите завршија со мерки на претпазливост, со одземање на пасоши и јавување во Суд, а станува збор за напад на полициски службеници“, реагира Спасовски.

 

Shpërndaj me

Loading...