Освен мажите, во денешно време и голем дел од жените се соочуваат со опаѓање на косата. Оваа појава е посебно изразена во постнаталниот период кога тие дојат. Но, како што за сè има решение, така и за ова. Понекогаш рецептот се наоѓа во кујната, но некој треба да ги каже вистинските состојки. На таа тема, пишувала една блогерка која извесен период се соочувала со ваков проблем, а го решила благодарение на користење на сода бикарбона.

Блогерката Сонет Лауберт решила да го сподели искуството со нејзините читатели и да им каже како ја спасила косата од опаѓање.

“Се шокирав кога ја забележав промената на мојата коса откако почнав да ја одржувам со рецепт кој сама го направив дома. Наместо класични шампони на база на хемија, решив да употребам сода бикарбона и успеав да си ја спасам косата” – вели младата девојка.

Иако на пазарот постојат шампони на природна база кои не содржат штетни состојки, сепак не помагаат до таа мера. Постапката за подготовка на рецептот ја споделила на својот блог, а предизвика голем интерес кај читателите.

Рецепт:

Сода бикарбона се меша со вода во размер 1:3, што би значело дека на една количина сода се ставаат три чаши вода. Ако станува збор за должина на коса до рамена, тогаш доволни се три лажици сода. Смесата се нанесува на сува или мокра коса од коренот кон краевите и се остава на отстои од една до три минути. Потоа се измива со вода.

Потоа се мие и со мешавина на оцет(бел или јаболков) со вода во размер од 1:4. Се додава и неколку капки етерично масло заради мирис. Веднаш потоа се мие под јак млаз вода и косата добива нов сјај, а опаѓањето ќе се сведе на минимум.

Едноставно, брзо и лесно, а вреди да се проба.

 

Shpërndaj me

Loading...