fbpx

Системот за средно образование во Македонија сè уште не обезбеди услови за квалитетно спроведување на учењето од далечина. Анализата спроведена од страна на Здружението на лидери за образование, активизам и развој покажува дека средношколците и нивните наставници се соочиле со многу проблеми за време на спроведувањето на процесот на учење преку Интернет.

Анализата исто така покажува дека дигитализацијата на училиштата е на многу ниско ниво, и само 51% од училиштата имаат интернет-врска .Исто така, оваа анализа покажува дека голем број наставници никогаш не посетувале обука за употреба на дигитални платформи. Во меѓувреме, наставниците покажаа дека оценувањето на учениците е нереално бидејќи немаше систем на оценување прилагоден на моделот за учење од далечина.

Во случај наставата од септември да почне онлајн, од оваа организација бараат да изберат заедничка платформа, како и обука за сите наставници за дигитални вештини. Анализата беше спроведена во периодот од 25 мај до 15 јуни, во која беа опфатени средните училишта во 8 региони во Македонија.

 

Мелихате Рустеми

Shpërndaj me

Loading...