Голем број забелешки и критики се доставени до Министерството за образование од страна на Унијата на средношколци. Во извештајот се опфатени различни проблеми со кои се соочуваат учениците за време на спроведувањето на учењето од далечина. Вонредниот периодот дури го оценија како период на образовна криза. Претседателот на Унијата, Бленди Ходаи смета дека последиците кај учениците ќе бидат долгорочни, па затоа одговорноста треба да сноси Министерството за образование.

„Да не кажат после дека коронавирусот ги нашла неподготвени, во спротивно би ја изменаџирале ситуацијата. Неприфатливо е. Без оглед каква е ситуацијата, ние сме во 21 век, дигитализацијата во секое поле се развива и образованието мора да се планира дека ќе мора да помине преку дигитализација, а не дигитализацијата да се врши поради криза“, вели Бленди Ходаи, претседател на Унијата на средношколци.

Заедно со извештајот, учениците доставија 12 препораки за учење од далечина ако и следната учебна година од септември продолжи преку Интернет. Меѓу приоритетите е создавање на заедничка платформа.

„Учениците од најруралните средини и оние со посебни потреби се најпогодени од оваа состојба. Сметаме дека Министерството за образование и наука треба да најде сеопфатна алтернатива за да ги вклучи сите актери, сите ученици во наставата за да нема неправда“, додава Ходаи.

Според проценките на Унијата на средношколци, актуелната состојба треба да се искористи како можност да се анализираат тековните модели во образованието и да се побараат нови наставни методи.

Мелихате Рустеми

Shpërndaj me

Loading...