Вториот сет на мерки се недоволни и краткорочни.  Доколку набрзо нема нов сет на мерки целиот товар од корона кризата ќе паде врз приватниот сектор. Вака стопанските комори ги оценија економските мерки донесени од страна на Владата. Од сојузот на стопански комори преку соопштение велат дека потребни се мерки  кои ќе значат државата да ја исплати 100 процентно  нето платата во наредните три месеци, покривање на даноците и придонесите на плата од страна на државата и ослободување од плаќање на даноци.

„Од наша страна се бараа системски мерки за сите микро, мали и средни претпријатија што се засегнати од кризата, без оглед на дејноста. Наместо тоа, со оваа делумна помош не се постигнува крајната цел, а тоа е да се сочува економијата и да се задржат работниците особено за оние правни лица кои се најмали и незаштитени и на кои овие потреси ќе им го уништат целиот труд да се самовработат и да си ги издржуваат семејствата“, велат од Сојузот на стопански комори.

Од стопанската комора велат дека мерките се одраз на кондицијата на буџетот  во моментов. Потребн се  дополнителни финансиски средства по пат на позајмување.

„Досегашните мерки се примарно насочени кон зачувување на нискобуџетните работни места. Ние очекуваме дека ќе бидат донесени и нови мерки доколку тоа не се случи тогаш товарот од кризата во најголем дел ќе падне на приватниот сектор“, рече Зоран Јовановски – Стопанска комора.

Речиси сите синдикати во земјава ја поздравија одлуката на Владата да не се крати од платите во администрацијата. Па така околу 130 илјади вработени под државна капа ќе останат со цели плати во следните месеци. Наместо администрацијата само функционерите ќе одат на минималец во следните 2 месеци, со што во буџетот ќе се слеат околу 4 милиони евра.

Андреа Чобанова

 

Shpërndaj me

Loading...