fbpx

Работниците во време на вонредната состојба се соочуваа со многу неправди и прекршувања на своите права, а со уредбите за финансиска помош се запре трендот на масовни отпуштања.  Од Сојузот на синдикати велат дека секоја уредба со која биле опфатени работниците се носела со претходни преговори со синдикатот и работодавачите, но за работните места да останат сигурни и во иднина потребни се и други мерки и финансиски проекти.

„Ние како ССМ не сакаме да создаваме социјални случаи. Ние сме работници, сакаме да работиме и да имаме стабилни работни места каде чесно би си ја ваделе платата и егзистенцијата“, рече Дарко Димовски, претседател на ССМ.

Државната финансиска помош  наменета за граѓаните според активистот Здравко Савески е чисто купување на социјален мир. Савески стравува дека ситуацијата дополнително ќе се проблематизира од септември кога економската криза ќе се продлабочи, а во тој период завршува обврската фирмите кои добиле државна помош да го задржат бројот на вработени, со што вели Савески може да има зголемен број на откази.

„Она што трeбашe да направи владата e да го намали товарот на задолжувањeто прeку вовeдувањe суштински прогрeсивeн данок. Намeсто да ја зголeмува нeтранспарeнтноста при јавнитe набавки во овој пeриод на здравствeна криза, давајќи им на капиталиститe далeку повeќe пари отколку на обичнитe граѓани што ќe добијат ваучeри“, вели Здравко Савески активист за работнички права.

Инаку, државата за граѓаните преку мерки обезбеди речиси 30 милиони евра финансиска помош кои се делат преку платежни картички. Целта според надлежните е за време на кризата да не се намали куповната моќ кај најпогодените граѓани. Инаку, во исто време додека на голем дел од граѓаните  им беа, или се уште им се намалени платите, а добар дел од работниците останаа без работа,  вработените под државна капа од кои повеќе од половина не одеа или уште не одат на работа добиваа по цела плата.

Иле Петревски

 

Shpërndaj me

Loading...