fbpx

Стопанството во земјава е на стаклени нозе и затоа е непходно владините мерки да продолжат и во следните месеци за да може да се издржи кризата. Стопанските комори велат дека од кризата предизвикана од корона вирусот тешко ќе закрепне економијата. Повеќе помош треба да се насочи кон малите средни претпријатија бидејќи се двигател на економската активност.

„Бизнис заедницата е на стаклени нозе она што го искористија како мерки секако се како добредојдени, меѓутоа недоволни за понатаму да се продолжи. Во иднина ако следната Влада не се фокусира кон микро малите и средни препријатија ќе биде погубно за целата економија на нашата држава“, рече  Габриела Кулебанова -Сојуз на стопански комори.

Од друга страна министерката за финансии тврди дека досега државата само кон стопанството има исплатено 70 милиони евра помош за справување со корона кризата.

„Составивме три пакети кој што беа обмислени  и не само за тајмингот туку да дадат јасно очекувани цели и ефекти и резулати како краткорочни така и на среден рок. Ако зборуме за мерката за инвестиции и конкурентност, Владата мисли на зголемување на конкурентноста и продуктивноста“, рече Нина Агеловска- Министерка за финансии.

Владата за помош на стопанството за намалување на шетите од пандемијата донесе три сета економски мерки. За компаниите беа одобрени две линии на бескаматни кредити од Развојната банка, субвенционирана минимална плата, како и субвенционирани половина од придонесите. Последните донесени мерки за Владата се доволни за закрепнување на економијата.

Андреа Чобанова

Shpërndaj me

Loading...