fbpx

Стотици демонстранти се судрија со полицијата пред српскиот парламент. Протестите што започнаа на 7 јули против мерките кон пандемијата се претворија во антивладини движења. Полицијата употреби солзавец за да ги растера демонстрантите и ги спречи да влезат во зградата на парламентот. Граѓаните протестираат и против прекумерната употреба на сила од страна на полицијата на претходните протести. Инаку протестите немаат организатор. . Повикот за учество се објавува преку социјалните мрежи. Српскиот претседател Александар Вучиќ, изјави дека не е загрижен за можноста на губење на политичката моќ, и покрај масовните протести во Белград и другите делови на земјата. „Никој не ја презема власта со сила. „Власта се зема на избори“, додаде тој.

Shpërndaj me

Loading...