Вирусот корона ги предизвикува првите проблеми кај сточарите. Значително е намалена цената на јагнешкото месо што носи големи загуби, па сточарите бараат итна помош од Владата и Министерството за земјоделство. Одгледувачите на јагниња и овци во полошкиот регион велат дека доколку не се реши нивниот проблем во рок од три дена, ќе организираат протести, па дури ќе го блокираат и автопатот.

„Не знаеме како да се однесуваме, ќе ги извадиме овците на автопатот и таму ќе го блокираме патот, немаме друг начин што да правиме“; вели Шабан Мамути, сточар.

„Итно бараме да знаеме каде оди еврото, затоа што немаме капацитет да ги одржуваме овците со 120 денари. Зборував вчера и завчера, ми кажаа дека кризата е поради коронавирусот“, додава Авни Фидани, сточар.

„Како што тргнала работата сточарите брзо ќе капитулираат. Со 120 денари не можеме да ги платиме ниту трошоците“, вели уште еден сточар.

По протестот на сточарите реагираа од Министерството за земјоделство. Владата се очекува во среда да донесе одлука за субвенционирање на сточарите кои продаваат јагниња со пониска цена.

„За оваа година предвидуваме за сите сточари да ја ублажат загубата, планираме дополнителна стимулативна мерка што мора да се донесе така што сите сточари кои ќе одгледуваат женски јагниња во нивните стада ќе ги стимулираме од 700 до 1.500 денари. Верувам дека тоа ќе биде наскоро одобрено“, рече Нефруз Челику, државен секретар во Министерството за земјоделство.

Цената на јагнињата драстична падна поради големата криза со коронавирусот во Италија, но и поради кризата во Хрватска, две држави каде Македонија секоја година извезува до 80 проценти од јагнињата.

Башким Сулејмани

Shpërndaj me

Loading...