Три недели по одржувањето на Ѓурѓовденската литија во Струга, на која во време на ширење на заразата од Ковид 19, спротивно на забраната за собирање на повеќе лица, беа присутни неколку стотина граѓани, ниту полицијата, ниту пак Јавното обвинителство, посочуваат кој е виновен за она што се случи на 11 мај. Од Основното јавно обвинителство во Струга за Алсат велат дека се работи на случајот. До нив била пристигната дел од потребната документација и податоци од Министерството за внатрешни работи.

„По дадените насоки на јавното обвинителство се постапува и се очекува да пристигнат сите потребни податоци, особено во поглед на утврдениот идентитет на лицата кои учествуваа во литијата“, велат од Основно јавно обвинителствo-Струга.

Од МВР веќе отворено признаваат дека постои сомневање оти имало пропусти во работењето на полицајците.

„Тука има затајување на превентивната функција на Министерството за внатрешни работи“, изјави Наќе Чулев, Министер за внатрешни работи.

Ова го потврдува и неговата заменичка.

„Се доработуваат и разгледуваат сите аспекти од постапувањето на полицијата…“, рече Славјанка Петровска, Заменик-министерка за внатрешни работи.

Освен тоа, министерот Чулев вели дека СВР Охрид работи на идентификација на лица-учесници во литијата, а се поднесувале и кривични пријави. На разговор во струшката полиција веќе беа повикани тројца претставници на црковниот одбор, главниот старешина на црквата Свети Ѓорѓи и тројца претставници на најмената агенција за обезбедување на настанот.

Мики Трајковски

Shpërndaj me

Loading...