fbpx

 

По синоќешниот голем пожар која ја зафати струшката депонија од каде се ширеа големи пламени јазици, денес стружани на уште помасовни протести го искажаа својот револт. Побараа од институциите наместо декларативни залагања дека ќе го решат проблемот, да се зафатат со вистинска работа на теренот. Пожарот се случи само неколку часа откако владини министри предводени од министерот за животна средина Садула Дураку беа во Струга. Граѓаните заминаа и пред зградата на општина Струга, каде запалија отпад во канта за отпадоци и во контејнер.

„Ние како граѓани сме загрижени поради оваа ситуација која ја имаме денес. Дома имаме деца кои ја дишат оваа нечистотија. Го прашавме градоначалникот до кога ќе трае ова. Доколку не се реши за скоро време и да се постават ноќни стражи кај депонијата, ќе се организираме ние како младина да чуваме стража за да не дојде до пожар“.

„Граѓани на Струга, Македонци, Албанци, Турци, ајде да се собереме заедно и да ја одбраниме Струга од нечистотијата.“ – велат граѓаните

Од граѓанската иницијатива „Доста е“ се заканија со граѓанска непослушност.

„Првото барање е гаснење на депонијата, час поскоро да стигне механизација. Да се воведе 24 часовна чуварска служба и камери. Да се испратат полициски патроли секој час и секој половина час. Доколку тоа не се случи, потребно е да се покажува граѓанска непослушност.  Блокади и да не се плаќаат сметките кон комунално тогаш кога ќе се запали депонијата.“ – изјави Јаков Попоски- граѓанска инијатива „Доста е“

Градоначалникот на Струга информираше дека денес испратил барање до владата за преземање на итни мерки депонијата да се санира. Општината обезбедила камиони со земја која ќе се натрупува на самото место.

Мики Трајковски

Shpërndaj me

Loading...