fbpx

Познавачите на европските прашања велат дека судирот во Брисел сигурно ќе се одрази во Скопје. Според Ардита Имери од Институтот за европска политика, прекинувањето на преговорите за членство во ЕУ се додека да се постигне консензусот меѓу земјите-членки не смее да ги забави реформите во земјата. Имери сугерира да се избегнат временските ограничувања околу тоа кога земјата ќе ги започне преговорите за пристапување во ЕУ, бидејќи без да започне со работа новата Европска комисија, секој рок што се претставува пред јавноста е нереален.

Ардита Абази Имери, Институт за европска политика

„Овој судир може да го одложи процесот на постигнување на одреден консензус за тоа кога да се започне со работа на оваа методологија и за нас било какво губење време ќе има внатрешни последици. Односно какво било продолжување на процесот, без разлика дали ќе започнеме преговори или ќе почне да се реформира методологијата за проширување, ќе ги демотивира реформските сили, ќе се забави  реформскиот процес. Ова ќе има ефект врз нашата земја“.

Shpërndaj me

Loading...