fbpx

Обвинетиот Тони Трајковски, утре во судница ќе го донесе полиција. Судот нареди за рочиштето за „ТНТ“ стражарно да биде приведен оти денеска не дојде на судење. Според Кривичен, уредна покана за него имало. Судскиот курир се обидел директно да го најде и му ѕвонел на врата на адресата каде пријавил дека живее, но никој не му отворил. Адвокатот на поранешниот градоначалник на Гази Баба, тврди дека Трајковски не бега – имал две адреси, една каде живее и една каде престојува па затоа не знае каде курирот го барал.

Прашање: Зошто вие лично не го известивте?

Јас не сум доставувач. Јас сум негов бранител, значи немам обврска да го известувам. Јас го известив му кажав, а Тони ми кажа немам уредна покана добиено“, рече адвокатот Јовица Страшевски.

Адвокатот Мерџан Даути кого го ангажираше обвинетата Елисавета Најдовска, објасни дека доставил нови докази и барања на судот. Тој е нејзин бранител од средината на ноември лани, откако се повлече дотогашниот адвокат. Даути тврди дека нема намера да ја развлекува постапката за уривањето на комплексот „Космос“, иако лично смета дека треба пак да се сослушаат сите сведоци кои дале исказ пред судот во последниве две години, колку што трае процесот.

Прашање: Сите сведоци да се повикаат во едно рочиште да се сослушаат?

„По едно прашање и сметам дека тоа може“, вели адвокатот Даути.

Судот посочи дека постапката иако има нов старт, веќе изведените докази и искази на следните рочишта треба само да се прочитаат. Тензијата во судница за „ТНТ“ ескалираше, откако судењето се ближеше кон крајот. Прво се повлекоа адвокати, па се назначија нови а стигна и барање за превод на сите списи на албански јазик. Пред Нова Година под засега неразјаснети околности беше претепан Тони Трајковски а рочиштата се одложија. Освен него обвинети се и, бегалецот Никола Груевски, Миле Јанакиески и уште четири лица.

Бојан Стојановски

Shpërndaj me

Loading...