fbpx

Започна судењето, Вилма Русковска против ВМРО – ДПМНЕ. Денеска во граѓанскиот суд не дојде ниту таа, ниту пак претставник на партијата. Тужбата за клевета е против лидерот, Христијан Мицкоски, екс генералниот секретар Игор Јанушев, ВМРО – ДПМНЕ и Коалицијата. Обвинителката бара 10 илјади евра за клевета за нејзина употреба во предизборни видеа на опозицијата. Според адвокатот на ВМРО – ДПМНЕ станувало збор за сарказам, а не за навреда.

„Нема сарказам и критика за лице кое не учествува во политичкиот процес за изборите во 2020 – та година и да биде злоупотребено на тој начин. Јавна критика да, за јавните функционери да, но со аргументи. Во конкретниот случај нема ниту еден аргумент за нејзино лошо постапување, спротивно на прописите“, рече Панче Ефтов, адвокат на Вилма Русковска.

За адвокатот на опозицијата спорно е психијатриското вештачење кое Русковска го добила од вешто лице каде е дијагностицирана душевна болка од двата ТВ спота, во кој дел е обвинителката.

„Тужителката претрпела душевна болка и истата имала и несоници. Сето ова го донесува под знак прашалник, објективниот и непристрасен пристап на шефот на обвинителството за организиран криминал, против сите неистомисленици и кон сите кои имаат критички настап кон сегашната власт и воедно против самата ВМРО – ДПМНЕ“, рече Панче Тошковски, адвокат на ВМРО – ДПМНЕ.

Адвокатот на Русковска побара, граѓанскиот суд да ги замрзне 10 – те илјади евра од сметката на Коалицијата предводена од ВМРО – ДПМНЕ а парите солидарно да ги платат тужените, Христијан Мицкоски, Игор Јанушев, ВМРО – ДПМНЕ и Коалицијата или секој по 2,5 илјади евра. Обвинителката Русковска посочи дека доколку ја добие тужбата парите ќе ги донира во детското СОС село.

Бојан Стојановски

 

Shpërndaj me

Loading...