fbpx

Сè уште нема решение за спорот за изградба на водоводниот систем во селото Синичане. Средбата меѓу техничкиот премиер Оливер Спасовски и градоначалникот на Боговиње, Албон Џемаили заврши без конкретен договор. Пред почетокот на средбата, градоначалникот на Боговиње беше оптимист дека работите за изградба на водоводот ќе продолжат вечерва или најдоцна утре, но по излегување од Владата беше сфатено дека изнаоѓањето прифатливо решение за сите ќе трае подолго. Џемаили рече дека за решавање на овој проблем треба да има волја од сите бидејќи машините и се што е потребно е обезбедено од Општината и жителите. Жителите, како што истакна Џемаили, дури може да штрајкуваат со глад доколку не се најде брзо решение.

“Премиерот побара да разговара со министрите и ќе ме известат.  Јас сè уште инсистирам дека моите жители останале без вода за пиење и барам оваа ситуација да се реши што е можно поскоро. Доколку одиме со проект кој се бара во оваа алармантна состојба во време на пандемија, проектот ќе трае, треба итно решение, се надевам дека во овие денови ќе имаме позитивен одговор. “

Извори на Алсат во Владата велат дека техничкиот премиер Спасовски јасно истакнал дека ќе има решение само доколку се понуди проект и се обезбеди дозвола, дури и ако истите се привремени. Алсат дури дознава дека Владата изрази подготвеност доколку Општината не може да подготви проект, Владата да го подготви истиот. Од извршната власт преку соопштение велат дека….

“Владата е решена да најде решение за проблемот поврзан со водата за пиење за жителите на селото Синичане и да најде долгорочно решение за водоснабдување на сите села во Општина Боговиње. Ќе ги разгледуваме сите правни можности за ефикасно дејствување и отворен дијалог со жителите

“Ден претходно, против градоначалникот на Боговиње е поднесена кривична пријава за „неодговорно постапување“ за време на неговата службена должност, односно за започнување на работите за изградба на водоводниот систем, без да се обезбеди потребната документација. Денес тој рече дека не е загрижен за пријавата, но за тоа што неговите граѓани немаат вода за пиење.
“Всушност, јас воопшто не сум загрижен за кривичната пријава поднесено од полицијата.  „Јас сум загрижен само за тоа што моите граѓани немаат вода за пиење“.

Жителите на селото Синичане и денес не го стопираа протестот и покрај дождливото време. Целата оваа ситуација се создаде кога тие, со поддршка од Општината, започнаа со работите за изградба на водоводен систем од извор, за кој жителите на Урвиќ велат е нивни. По напната состојба на местото на настанот, веќе неколку дена се позиционирани полициските сили кои не дозволуваат да продолжат работите.

Еви Шкопи

Shpërndaj me

Loading...