fbpx

Новинари, сведоци во „Таргет – Тврдина“. Раскажуваа како се сомневале дека тајната полиција нелегално ги прислушува. Официјална потврда дека се мета на УБК, дознале кога СДСМ им поделила папки со транскрипти од нивните лични и професионални разговори. Поголем дел од новинарите пријавија дека ќе ја тужат државата за штета со суми од 15.000 до 200 илјади евра.

„Дел од колегите се одлучија да бараат приватни штети, но моето барање ќе биде надоместок за професионалните штети. Како што знаете десет години се обидуваме да создадеме кадар кој ќе работи на следење на имотот на политички експонирани лица како Сашо Мијалков“, вели Сашка Цветковска, новинар.

„Да се открие конечно кој го дал налогот и зошто била спроведена цела таа операција за прислушување, не само на новинари, туку и на сите граѓани“, рече Горан Михајловски, новинар.

Судењето за случајот „Таргет – Тврдина“ започна пред околу три години. Се однесува на децениското нелегално прислушување, кое според обвинителството, се спроведувало преку тајната полиција. Обвинети во овој случај се поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и уште неколку лица од УБК. Според обвинението нелегално биле слушани 5.800 телефонски броеви или околу 20 илјади граѓани.

Бојан Стојановски

 

Shpërndaj me

Loading...