Четиринаесет нови случаи со Ковид 19 во последните 24 часа го зголемија бројот на 229 случаи во Тетово. Бројките се зголемуваат и во општина Теарце, која во последниве денови има 23 заразени, 31 во изолација и двајца мртви од Ковид 19. Растот на бројот на заразените лица во оваа општина исто така ја зголемува загриженоста на жителите.

„Добро е да се знаат семејствата бидејќи загриженоста станува уште поголема кога не се познати. Има многу муабети и не се знае ништо“.

 „Населението треба да се информира кој го има вирусот. Семејствата треба да знаат кој го има и да ги изолира, а не целото население, без да знаат кој го има, а кој не“.

Ваквата состојба е резултат на невнимание, вели првиот човек на месната заедница во Слатино, каде починаа две лица од вирусот.

 „Не се грижиме многу ние и општо како општеството. Всушност, ние мора да се придржуваме кон правилата дадени од Министерството за здравство“.

Во Општина Теарце има вкупно 23 заразени, од кои двајца починаа, а пет се водат како активни случаи.

 „Не е исклучена можноста за дополнителни мерки или нови ограничувања за одредени зони, доколку надлежните институции тоа ни го препорачаат“.

Во наредните денови, во општина Теарце се очекува мобилен тим да биде пуштен за масовни тестирања.

Bashkim Sulejmani

Shpërndaj me

Loading...