fbpx

„Не се функционални повеќе од десет години, а во тоа време тие служеа за многу маки што ги имаа граѓаните, но и за разговори за многу радосни моменти. Сега тие се покриени од прашина. Ова се телефонските говорници кои некогаш претставуваа голем луксуз“.

Многу телефонски говорници може да се најдат на улиците на главниот град, но тие се запуштени и демолирани. Постарите се сеќаваат со носталгија за закажаните состаноци токму преку телефонските говорници.

„Да имаме носталгија затоа што нема повеќе телефонски говорници никаде во Скопје. Тогаш немаше ни мобилен телефон, ни ништо. Разговаравме со девојките за тоа каде ќе се сретнеме и така натаму.“

Додека постарите носталгично се сеќаваат на разговорите што се воделе преку овие говорници, младите воопшто не се воодушевени од нивното присуство.

Граѓаните имаат различни мислења за тоа дали повтроно треба да функционираат телефонските говорници или не. А помладите генерации немаат идеја за што станува збор.

„Најдобри беа тие од времето, тие ми изгледаат подобро.“

„Подобро нека го отстранат целосно!  Дали некогаш сте ги користеле? Никогаш не сум ги користел.“

Експертите за социјални мрежи велат дека брзиот технолошки развој ги направи телефонските говорници повеќе да не се потребни. Но, според нив, тие не треба да исчезнат, барем заради симболиката.

И покрај фактот дека во многу земји во светот постојат и се користат телефонски говорници, во нашата земја, ниту една не е функционална.

Mefail Ismaili

Shpërndaj me

Loading...