fbpx

Управата за хидрометеоролошки работи уште еднаш предупредува дека денеска температурата ќе достигне 41 степен. Ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност.

Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засиленветер, претежно во планинските подрачја во севернитеделови. Ќе дува слаб до умерен, а попладне долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Утре ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со умерен, а долж Повардарието засилен северен ветер. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе дотсигне 38 степени.

Од недела ќе настапи повторно стабилизирање на времето, а дневните температури ќе бидат пониски за пет до шест степени во однос на денешните.

 

Shpërndaj me

Loading...