fbpx

Судскиот процес „Тенк“ заврши, а судбината на мерцедесот засега неизвесна. Владата не знае што ќе прави со луксуцниот мерцедес од 600.000 евра, чии негови спецификации лично ги нарачуваше екс-премиерот Никола Груевски.

„Влада сѐ уште го нема разгледувано ова прашање после новонастанатата ситуација. Штом биде разгледано и штом има став по прашањето, јавноста веднаш ќе биде известена“, велат од Владата.

Од Владата не нѝ кажаа ниту дали ќе го остварат ветувањето за продажба на бледндираното возило. Тие го најавија ова, а со парите требаше да се купат амбулантски возила.

„Овој мерцедес е симбол на нерационално трошење на парите на граѓаните на Република Македонија во едно време коешто сакаме да биде оставено зад нас“, велеше Миле Бошњаковски, тогашен портпарол на Влада.

Потоа Валдата реши да ја стопира продажбата, додека трае судскиот процес „Тенк“ кој сега е завршен. Со мерцедесот управува Службата за општи и заеднички работи, СОЗР. Директорот Пеце Мирчевски цел ден не нѝ одговори на прашања каков е планот за возилото, дали и кој го вози. За вереме на судењето мерцедесот не влезе во Агенцијата за управување на одземен имот, што според адвокатот Звонко Давидовиќ, возилото требаше да биде таму, наместо да се користи. Според него, ниту едно ветување со справување на криманалот со јавните функционери не се случи.

„Штета е веќе набавени работи или создадени работи да ги уривате, уништувате или не знам… Ако тоа придонесе да се купат возила како што беше најавувано амбулантни возила или други потребни возила, да сум за. Но, туку така да се остави да пропаѓа навистина не сум, затоа што тоа се предмети кои се набавени од наши пари, од буџетот“, рече адвокатот Давидовиќ.

Мерцедесот на Груевски му донесе две години затвор и бегство во Унгарија, а Јанкулоска веќе ја издржува четиригодишната затворска казна.

Игор Стефановски

Shpërndaj me

Loading...