fbpx

Две нови жаришта на коронавирус во Општина Тетово потврди Центарот за јавно здравје. Во оваа општина сè уште има зголемување на нови случаи. Заедно со околните општини, во Тетово, во последните 24 часа се регистрирани 13 нови случаи, од кои 7 во Општина Тетово, 3 во Јегуновце и 3 во Брвеница.

Од Клиничкиот центар на Тетово велат дека се хоспитализирани 11 пациенти со позитивен тест за „Ковид19“, 4 пациенти се негтивни  а еден е  суспектен. Инфектологот Исмаили вели дека болницата има доволно капацитет да се справи со пандемијата.

„Во моментов имаме 70 легла. Досега не  користевме ниту 30-40% од тој капацитет. Немаше потреба, но ако ни треба тој капацитет, можеме да го зголемиме уште повеќе“, рече Халил Исмаили, инфектолог.

Додека здравствените институции постојано апелираат за максимално почитување на мерките за заштита против Коронавирусот, има граѓани кои сè уште не веруваат дека тој постои, но има и такви што ги почитуваат овие мерки.

„Треба да ги почитуваме. Целото население мора да ги почитува, да ги стават маските, сите мерки што државата ни ги кажува да ги почитуваме“, вели еден граѓанин.

Прашање: Дали треба да носиш маска?

-Да!

Прашање: Зашто не ја носиш?

-Не верувам!

„Граѓаните, колку што можам да видам, никој не носи маски. треба да се заштитат. Не да ја стават маската на брадата или на глава“, рече еден граѓанин.

Според најновите податоци, во Општина Тетово и околината, во моментот има 356 пациенти на домашно лекување.

Мефаил Исмаили

Shpërndaj me

Loading...