Бројот на заразени од Ковид-19 во Тетово достигна 15. Во самоизолација се 240 граѓани, а 26 други покажале симптоми на вирусот. Без оглед на ваквите броеви градоначалничката Теута Арифи вели дека ситуацијата е стабилна, а зголемени се активностите за дезинфекција и за помош на ранливите семејства, особено на оние во подалечните планински села.

„Ќе чекаме малку да се подобрат временските услови, а од петок верувам дека ќе имаме подобри услови и ќе продолжиме со дезинфекција. Ние инсистираме да има што повеќе тестирања за да имаме точни бројки. Направени се 70 тестирања и тоа ќе продолжи“, вели Арифи.

Последниве денови бројот на лицата во карантин на Попова Шапка е зголемен за 150. Станува збор за наши граѓани дојдени од европските земји кои се сместени во три хотели.

Движењето на граѓаните преку ден во Тетово е намалено и градот изгледа празен. Тоа најмногу го чувствуваат бизнисите кои се жалат дека не можат да ги покријат ни нивните плати, а не пак и на работниците и д се платат кирии.

„Штетите веќе почнавме да ги чувствуваме. Јас сум вработен сам во мојот локал и со затворањето на локалот не пуштам плата ни за себе. Тоа што не можеме и за работниците да пуштаме плати во иднина ќе биде поголема криза за нив“, рече Бетим Имери, бизнисмен.

Инаку, за разлика од минатите ноќи во синоќешниот полициски час во Тетово не беше регистрирано ниедно прекршување на мерката за ограничување на движењето.

Башким Сулејмани

 

Shpërndaj me

Loading...