Холивудскиот актер, Том Круз снима филм во вселената, соопшти американската вселенска агенција НАСА.

„Нашите се возбудени што соработуваат со Том Круз, кој својот нов филм го снима на Вселенската станица. Ни требаат популарните ликови  за да инспирираме нова генерација на инженери и научници, со цел да ги оствариме амбициозните планови на НАСА“, рече Џим Бриденштајн од Американската агенција за вселенски истражувања, НАСА.

Детали од сценариото за филнот не се соопштени, а за коментар не биле достапни ниту лицата за односи со јавноста ангажирани од холивудскиот актер.

Она што засега е споделено со јавноста е дека за снимањето на филмот Круз соработува со основачот на „Тесла Моторс“ и „Спејс Екс“, Илон Маск.

Shpërndaj me

Loading...