fbpx

Сенатот го усвои предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп да го разреши раководството на Глобалната агенција за медиуми, агенцијата „Глас на Америка“ и други медиуми под државен буџет, кои Белата куќа остро ги критикуваше за начинот на известување, пренесува „АБЦ Њуз“.

Трамп го назначи Мајкл Пак, соработник на неговиот поранешен политички советник, Стив Бенон, за прв човек на Агенцијата за медиуми, Гласот на Америка и сестринските медиуми, вклучително и Радио Слободна Европа/Радио либерти, Радио слободна Азија и Радио и ТВ Марти, која емитува радио и ТВ програми од  Куба.

Демократите се спротивставуваат на изборот на Пак на функцијата делумно заради неговите нетранспарентни деловни активности во минатото, но најмногу затоа што веруваат дека тој ќе ги претвори Глобалната агенција за медиуми и државните радиодифузни медиуми во пропагандна машинерија на Трамп, финансирана од американски даночни обврзници.

 

Shpërndaj me

Loading...