fbpx

Американскиот претседател Доналд Трамп жестоко ги критикуваше своите демократски противници, наведувајќи дека им се благонаклонети на иранските власти. Тој на Твитер објави фото монтажа на која лидерите на демократите, претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси и лидерот на демократите во Сенатот Чак Шумер се претставени со турбан и чадор. Пелоси го критикуваше убиството на иранскиот генерал Касим Солејмани по што Претставничкиот дом усвои резолуција за ограничување на воените акции по налог на американскиот претседател.

Shpërndaj me

Loading...