Издавањето на седмата по ред еврообрзница во износ од 700 милиони евра отвори низа прашања кај економските екперти. Дали овие пари ќе бидат доволни и на кој начин ќе се враќаат. Универзитетскиот професор Борче Треневски за Алсат вели дека задолжувањето е неизбежно, но треба добра стратегија како парите да ги  вратиме.

„Задолжувањето во оваа состојба и олабавување на внатрешната состојба е наша реалност. Е сега враќањето на овие средства иднината која ќе не носи е друга работа, дали ќе воведуваме нов корона данок, дали ќе зголемуваме определени даночни стапки, ќе одиме ли со поголеми кратења на расходната страна тоа веќе е друга приказна“, рече Борче Треневски- Универзитетски професор.

Дел од економските експерти со размислување дека Владата требаше да се задолжи дома односно кај домашните банки наместо надвор.

„Можеше ли за скоро двојно помала цена да се ангажира еден дел од домашното девизно штедење кое е во домашните банки и на кое истите плаќаат дури и негативни камати во странските банки? Колкав дел од тие 700 милиони ќе беа можни? Ќе сакаа ли нашите банки аранжман?, вели Никола Поповски-Поранешен министер за финансии.

Земјава на меѓународниот пазар на капитал има излезено 7 пати досега. Рокот на враќање на оваа еврообврзница од 700 милиони евра е за шест години . Камтната стапка е 3.6 и според пресметките државата за шест години ќе треба да врати вкупна камата од 153 милиони евра.

Андреа Чобанова

 

Shpërndaj me

Loading...