Три нови позитивни случаи на коронавирус се регистрирани во Кавадарци. Информацијата за МИА ја потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при Центар за јавно здравје Кавадарци.

Во првиот случај станува збор за 50 годишна медицинска сестра од стоматолошка ординација, а во вториот, за 64 годишен маж кој десетина дена не одел на работа. Двајцата биле со лесна клиничка слика и на домашно лекување во своите домови.

Третиот пациент позитивен на Ковид-19 бил на возраст од 63 години и бил хоспитализиран на неврохируршко одделение во Скопје, каде бил опериран.

 

Shpërndaj me

Loading...