Во последните 24 часа регистрирани се три смртни случаи и 26 новозаразени. Вкупниот број на заразени достигна 2039, а бројот на починати се искачи на 119. Денес, излекувани се уште 17 лица, со што вкупниот број на излечени е 1470 .

„Скопје 14, Штип, 4, Тетово 2, Куманово 2, Прилеп 1, Велес 1 и Струга 1. Двајца пациенти починале на Клиниката за инфективни болести, едниот од Скопје 47, а другиот од Струга 58 години, и двајцата долго време биле на механичка вентилација. Третиот пациент кој почина во болницата „8 Септември“ е 41-годишен маж од Тетово, хоспитализиран од 19 мај“, соопштија од Министерството за здравство.

Претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски рече дека во последните две недели во просек имало 24 заразени дневно или 6,8% на 100 илјади жители, додека 1,1% смртни случаи на дневна основа на национално ниво.

Според епидемиолошките податоци, 5 градови остануваат жаришта со над 20 кластери на активни случаи. Најмногу активни случаи се во главниот град 210 случаи. Втор по број на активни случаи е Тетово со 71, Прилеп со 47, Велес со 40 и Куманово со 33.

Веќе подолго време, Дебар нема активни случаи

Активни случаи на коронавирус:

Скопје 210
Тетово 71
Прилеп  47
Велес 40
Куманово 33
Штип 15
Струга 9
Битола 7
Гостивар 4

Аднан Ќаили

Shpërndaj me

Loading...