По информациите дека над 30 илјади вработени од приватниот сектор во април не добиле плата, директорот на Трудовиот инспекторат Алајдин Хавзиу се оградува и вели дека тука неговата институција нема ингеренции. Во краток телефонски разговор Хавзиу за Алсат вели дека трудовите инспектори вршат контроли на фактичката состојба на терен а уплатата на средства за вработените е под надзор на Управата за Јавни приходи.

Организацијата на работодавачи признава дека состојбата во реалниот сектор е алармантна а фирмите од ден на ден ја губат битката со ликвидноста. Кризата според бизнисмените  негативно се одразила на дури 82 отсто од компаниите а висат работните месата на повеќе од 40 илјади лица кои се во редовен работен однос.

Податоците дека 30 илјади вработени не добиле  плата во април ги соопшти дополнителната заменик министерка за финансии од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Димитриевска-Кочоска во Економски магазин на Алсат.

„Точната бројка е 30 456 илјади граѓани во однос на јануари. Или се избркани од работа, тоа власта ќе чекам да ни одговори во периодот што следи и да каже зошто толку луѓе немаат земено плата“, рече Димитриевска-Кочоска.

Работодавачите велат дека во овие кризни месеци плата не исплатуваат фирми на кои сметките им се празни поради тоа што не работат. Доколку кризата се продлабочува очекувањата се дека ќе има зголемен број на компании кои ќе стават клуч на врата.

Иле Петревски

 

Shpërndaj me

Loading...