Со прогласување на пандемијата со Ковид 19, се сменија и плановите на голем дел од граѓаните за летните одмори, со што еден од најпогодените сектори е туризмот. Вратите на туристичките компании, во повеќето случаи, беа затворени. Алаудин Алили дошол на работното место само за да контактира со клиенти кои ја известиле агенцијата дека ги откажуваат резервациите. Тој вели дека туристичката агенција што ја води не само што не носи профит, туку има и дополнителни трошоци затоа што постојано им се јавува на авиокомпаниите бидејќи патниците ги откажале билети.

„Летните аранжмани сè уште не се откажани, бидејќи сите решија да одмараат после јуни, јули или август. Можеме да кажеме дека имаме многу проблеми со дневните летови. Многу летови се откажани. За враќање на парите е потребно извесно време. Клиентите ги бараат своите пари, а имаме проблеми и со компаниите“, рече Алаудин Алили- туристичка компанија.

Претседателот на Туристичката комора, Емил Димитровски, вели дека за среќа се избегна банкротот на туристичките агенции по решението за ваучер системот за резервации што веќе ги платиле клиентите.

Димитровски вели дека туристичките компании ќе претрпат огромни финансиски загуби кои веќе почнале да ги чувствуваат. Тој вели дека е важно да се донесе одлука за отворање на хотелите и рестораните. А, авиокомпаниите започнале да ја разгледуваат можноста за инсталирање на специјални прочистувачи на воздух со цел да се спречи зголемувањето на цените на билети, нешто што може да се случи доколку се бара да се почитува двометарското растојание меѓу патниците. Првиот удар од корона вирусот, туристичките агенции во Македонија го почувствуваа во февруари, кога заради состојбата во Италија, сите резервации за 8 Март беа откажани.

Еви Шкопи

 

Shpërndaj me

Loading...