Субвенциите за придонеси и за плати, за месеците април и мај се недоволни за туристичкиот сектор, оценува Билјана Пејоска Ристеска, претседателка на Туристичката комора при ССК.

Како што вели таа, мерката е донесена да важи за два месеца, но во секторот туризам има откажани аранжмани до крајот на 2020 година.

„Затоа сметаме дека тука треба да има дополнување во од. Значи, какви се условите и како се влошуваат условите од кризата што се рефлектира врз туризмот, тоа да биде и понатаму продолжено, најмалку до септември да се овозможи да ја имаме таа мерка за субвенционирање на придонесите и платите“, вели Пејоска Ристеска.

Shpërndaj me

Loading...