Жител на скопското село Волково е приведен откако при обид за негово легитимирање од страна на полициските службеници било утврдено дека нема документи за лична идентификација. Дополнително, лицето почнало и да се однесува агресивно кон полицијата.

Како што се наведува во полицискиот билтен:

На 08.04.2020 во 18.40 часот во с.Ново Село, скопско, од полициски службеници од СВР Скопје бил лишен од слобода Ј.К.(48) од с.Волково, скопско, поради тоа што немал со себе документ за идентификација ни дозвола за движење, а исто така, се однесувал агресивно кон полициските службеници кои вршеле службени дејства. По целосното расчистување на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Shpërndaj me

Loading...